Папас: Сакаме да го убедиме Каменос за корисноста на Договорот од Преспа

Од:

Претендираме да ги убедиме и Панос Каменос и неговите пратеници за корисноста на Договорот од Преспа и верувам дека ќе го постигнеме тоа, а грчкиот Парламент ќе го ратификува овој договор, вели министерот за дигитална политика на Грција, Никос Папас во интервју за грчкото радио „Њуз 247“.

Коментирајќи ги ставовите на коалицискиот партнер во грчката Влада, Папас вели дека во изминатите години „соработката со Каменос се покажала пофункционална од тоа што многумина мислеле“ и изразува увереност дека Договорот од Преспа ќе добие мнозинство во грчкиот Парламент.

– Прво, сметам дека во овој момент постои мнозинство во грчкиот Парламент за Договорот и второ дека можат да се создадат предуслови и Панос Каменос да се убеди и непрекинато да продолжи текот (на владата) кон закрепнување на земјата. Овие предуслови се политичка и владина стабилност до крајот на нашиот предвиден мандат, нешто што мислам дека ќе се постигне и мислам дека можеме и Панос Каменос да го убедиме. Како што ќе течат работите, затоа што имаме еден референдум пред нас, нашите соседи ќе покажат дали навистина го мислат она што е напишано во Договорот од Преспа, рече Папас и објасни дека со прифаќањето на Договорот од Преспа на референдумот ќе „се даде можност и во Грција да се намали степенот на недоверба“.

Никос Папас, рече дека „не може да замисли партијата Река да влезе во предизборни пазарења со Нова демократија и да ја промени позицијата во однос на македонското прашање“.

– Мислам дека Река и Ставрос Теодоракис ќе останат на позицијата дека овој Договор треба да се ратификува, рече грчкиот министер за дигитална политика во интервјуто за грчкото радио.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната