Пахор: Акцијата против ИД без мандат на ОН е ризична

Од:

Словенечкиот претседател Борут Пахор изјави дека дури во саботата дознал оти Словенија е ставена на листата американски сојузници за борба против групата Исламска држава и оцени дека за учество во акциите против терористичката организација потребен е мандат на Советот за безбедност на Обединетите нации.

– Голем е ризикот доколку таквите акции се преземаат без потребниот мандат на ОН, рече Пахор во Њујорк, каде се одржува генералната дебата на 69. седница на Генералното собрание на ОН.

Словенечкото Министерство за надворешни работи кон крајот на неделата, коментирајќи го вклучувањето на државата на листата на Стејт департментот, наведе дека учеството на Словенија во вооружените операции против ИД „не е веројатно“, но оти Љубљана е подготвена да придонесе во хуманитарните и други акции против џихадистите.

Би можело да ве интересира

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невремето од Словенија ја зафати Хрватска: Силните налети на ветер уриваа покриви и дрвја

Италијански полицајци бркале Романци низ цела Словенија