Пахон: Русија сака да влијае врз иднината на Балканот

Од:

Портпаролот на Пентагон Ерик Пахон изјави дека НАТО се залага за слобода, демократија и колективна безбедност и дека земјите, како што се Северна Македонија и Црна Гора , кои ги споделуваат овие вредности, „се знак на успехот , а не на тензии“.

Запрашан дали и во која мерка зачленувањето на Северна Македонија во НАТО ќе ги зголеми тензиите меѓу Запад и Русија, Пахон за подгоричкиот весник „Побједа“ кажа дека САД се загрижени заради постапките на Русија која се вмешува во евроатлантскиот пат што го избраа земјите од Западен Балкан.

„Северна Македонија силно придонесува во мисиите на НАТО , како и во регионалните иницијативи за засилување на соработката и безбедноста на Западен Балкан. Русија настојува да ги спречи земјите, како Северна Македонија и Црна Гора, да го изберат својот пат преку агресивно однесување и застрашување“, пренесе РТЦГ.

Американскиот функционер истакнува дека САД одамна имаат покажано непоколеблива посветеност кон ситуацијата во Западен Балкан.

-Тоа е приказна која често не се нагласува, додека Русија во минатото правеше се за намалувањ ена нашиот придонес, рече портпаролот на Пентагон.

Би можело да ве интересира

Косачев: Сите договори ќе бидат по наши услови

Русите зазедоа големи упоришта на вооружените сили на Украина

Украина: Сега целиот свет ќе види кој навистина сака мир

Песков: Не ја исклучуваме можноста за наскоро средба меѓу Трамп и Путин

Горан Наумовски

Руските трупи започнаа офанзива врз Суџа

(ВИДЕО) Објавенa новa военa мапa: Русите напредуваат во Курск