„Падна“ жената која влезе во банка и од туѓа сметка подигна 1,3 милиони евра

Од:

Полициските служби од БиХ и Црна Гора уапсија тројца осомничени и ја расветлија измамата од април годинава, кога жена кога со фалсификувани документи од туѓа сметка подигна 1,3 милиони евра од банка во Црна Гора.

Полициската акција беше спроведена истовремено во Требиње и Бања Лука, каде што беа претресени простории што ги користеа тројцата осомничени. Откриени и одземени се околу 25.000 евра, поголема количина оружје и муниција и околу три килограми марихуана.

Полициската акција наречена Ловќен се однесува на истрагата за кривичното дело измама, извршено на 12 април годинава во Црна Гора. Тогаш жена со фалсификувани лични документи влезе во банката Ловќен и од сметката на жртвата подигна околу 1,3 милиони евра. Полицијата во Црна Гора во соработка со полицијата од Република Српска го откри нејзиниот идентитет и се дозна дека таа работела со криминален клан од Босна и Херцеговина.

Како директен извршител на измамата е идентификувана Ивана А., односно жената која на 12 април годинава во утринските часови доaѓа во филијалата на банката Ловќен во Херцег Нови, потпишала платни налози и подигнала 230.000 евра и 1,2 милиони долари од сметката на М.О. (околу 1,36 милиони евра).

Најпрвин на 11 април околу 13 часот, Ивана А. влегува во експозитурата на банката и се сретнува со управителот на експозитурата П.М.

Ивана лажно се претставува како сопственик на сметката, односно М.О. и на управителот на експозитурата му дала фалсификувана лична карта. После тоа, таа бара да и бидат исплатени сите пари од сметката следниот ден околу 15 часот, по што излегува од банката.

Истиот ден, односно на 11 април околу 16 часот, управителот на експозитурата добива повик преку апликацијата Вибер од телефонот што го користел осомничениот соучесник Саша К.

Управителот на експозитурата го видел името на сопственичка на сметката М.О. од Будва, напишано на екранот на мобилниот телефон.

Лицето што се јавило се претставило како М.О., и побарало исплатата да биде поместена порано од договорениот термин, односно за 12 април околу 10.30 часот наутро.

Следниот ден, во наведеното време, пред филијалата на „Ловќен банка“ во Херцег Нови, со такси повторно пристигнува осомничената државјанка на БиХ, Ивана А..

Таа го потпишала милионскиот налог, ги зела парите, излегла од банката, влегла во такси и си заминала.

Би можело да ве интересира

Силно невреме ја погоди Црна Гора: Поплавен е дел од Јадранската магистрала

Маж ја истепал и ја ограбил својата баба

Одмаздољубива жена е виновникот за принудното слетување на патнички авион во Подгорица

Горан Наумовски

Резолуција за геноцид повторно „затропа“ на црногорската врата

Предраг Петровиќ

Земјотрес во Црна Гора, епицентарот е меѓу Никшиќ и Даниловград

Горан Наумовски

Девојче од Црна Гора планирало терористички напад: Родителите во шок, оружје во куќата

Предраг Петровиќ