Пилот на војската на Србија кој управуваше со авионот „V-54 Lasta“, кој се сруши во населениот дел на Нова Пазова, им подлегна на повредите.
Според B92, тој до последен момент останал во леталото како би го усмерил меѓу две куќи и така да спречи поголема трагедија. Тој е пронајде прекриен со падобранот во непосредна близина на авионот и екипите на итната помош, едвај му нашле пулс. Со воен хеликоптер е префрлен на ВМА, каде им подлегнал на повредите.
Вториот пилот поминал без потешки повреди, а на земја нема повредени. Леталото било на редовна техничка проба. Министерот Александар Вучиќ нареди итна истрага за несреќата.