Пад на рејтингот на хрватските политички партии

Од:

Месечната анкета на хрватската агенција „КРОдемоскоп“ покажува пад на рејтингот на сите водечки хрватски партии во споредба со февруари, објави весникот „Вечерњи лист“.

Рејтингот на владејачката Социјалдемократска партија е на најниско ниво по парламентарните избори во декември 2011 година и бележи пад од 25,7 проценти во февруари на 25,2 проценти.

Опозициската Хрватска демократска заедница, исто така, бележи пад на рејтингот на 18,8 проценти од анкетираните, додека партијата во февруари уживала поддршка од 19,1 процент.

Рејтингот на Хрватските лабуристи е намален од 9,8 на 9,7 проценти од гласовите. Поддршката на Хрватската народна партија е намалена од 3 на 2,6 отсто.

Највисок рејтинг меѓу политичарите имаат претседателот Иво Јосиповиќ и синдикалниот лидер Драгутин Лесар, додека најнизок рејтинг имаат лидерот на Хрватската демократска заедница Томислав Карамарко и министерот за финансии Славко Линиќ.

Би можело да ве интересира

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

Забранет настапот во Хрватска и на хор од Црна Гора, се противат ветераните

Предраг Петровиќ

Драма во Хрватска: Маж запали две куќи и повреди полицаец

Горан Наумовски

Драма во Загреб: Вооружен маж влезе во болница, за брзо време пристигна полицијата