Пацоли: Белград лаже, Либерија не го повлекла признавањето на Косово

Од:

Министерот за надворешни работи и потпретседател на Владата на Косово, Беџет Пацоли информира дека попладнево разговарал со Владата на Либерија, која ја демантирала информацијата објавена од шефот на срската дипломатија Ивица Дачиќ дека таа земја го повлекла признавањето на независноста на Косово.

– Штотуку зборував со Владата на Либерија и ми потврдија дека Либерија го нема повлечено признавањето на Косово. Ние ќе се спротивставиме на ваквите дејствија, објави Пацоли.

Тој додаде дека Дачиќ продолжил со кампањата со невистини за повлекувањата на признавањата на косовската независност од страна, пред се, на држави од африканскиот континент.

Српските медиуми денеска објавија дека шефот на српската дипломатија Дачиќ информирал оти поседува нота со која Либерија го повлекува признавањето на независноста на Косово „до завршувањето на дијалогот и постигнувањето договор меѓу Приштина и Белград“.

Наводно, според Дачиќ, таква нота му предал неговиот нигериски колега Гбезонгар Милтон Финдлеј во која се наведува дека Либерија го признала Косово „врз основа на сознанија дека Белград не е подготвен да преговара за решение со Косово“.

Шефот на косовската дипломатија рече дека веста објавена од српските медиуми е лажна и е дел од кампањата против Косово на српската Влада и министерот Дачиќ, за која, според Пацоли, „Белград залудно троши големи пари“.

Би можело да ве интересира

Песков: Русија сака Србија да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен развој

Македонија и екс-Ју државите в петок бојкотираат маркети

Катерина Ѓуровски

Брнабиќ: На дневен ред на собраниската седница ќе ставиме расправа за довербата кон мене и кон Владата

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема блокада на белградска Автокоманда, протести во многу градови во Србија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: 24-часовна блокада на Автокоманда во Белград

Гренел за протестите во Србија: Новата американска влада не ги поддржува оние кои насилно ја преземаат власта

А1он