Пацоли бара укинување на таксата од 100 отсто за увозот од Србија

Од:

Косовскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Беџет Пацоли смета дека Владата, на чие чело е Рамуш Харадинај, не смее да го одбие барањето на Соединетите Американски Држави и треба да ја укине таксата од 100 отсто на увозот на производи од Србија и Босна и Херцеговина.

Во интервју за косовската јавна радио-телевизија, РТК, Пацоли рече дека ќе разговара за Харадинај за можноста да се одговори позитивно на барањето од Вашингтон. Неговиот шеф, претседателот на Владата, од друга страна, денеска повторно порача дека, и покрај барањето од САД, таксата нема да се укине се додека Србија не го признае Косово.

Говорејќи за косовската надворешна политика, Пацоли во интервјуто за РТК изрази жалење што неговата работа е отежната поради, како што рече, „недостатокот на единство кај косовскиот државен врв“.

Шефот на косовската дипломатија рече дека е точно оти „различните ставови на претседателот (Хашим Тачи) и премиерот (Харадинај) во врска со дијалогот со Србија создаваат извесни нејаснотии“.

Според Пацоли, во дијалогот со Белград, Приштина би тербала да направи „одредени компромиси“, кои, како што рече, може да се „потребни во рамките на демаркацијата со Србија“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија

Убиство во Инџија, уапсени се три лица, по четвртиот се трага

Горан Наумовски