Отворени градинките, забавиштата и основните училишта во Грција

Од:

Под посебни превентивни мерки, со задолжителна употреба на маска, како за учениците, така и за наставниците, утрово основците во Грција се вратија во училишните клупи по пауза од речиси два месеци.

Воведена е можноста за флексибилно време за почеток на наставата, различни големи одмори, отворање на повеќе од еден влез во училиштата за да се избегне создавање гужва како меѓу учениците, така и меѓу родителите и старателите.

Училниците се опремени со антисептици, а предвидено и често проветрување на просториите.

Освен основните училишта, денеска се отворија и забавиштата и градинките.

Министерката за образование на Грција Ники Керамеос, утрово рече дека училиштата се природната средина за учениците, а ништо не може да ја замени наставата со физичко присуство.

Средношколците, од петокот продолжија со онлајн настава, планирано е во следниот период да се разгледа можноста и тие да се вратат во училишните клупи, а минатата седмица беше соопштено намалување на материјалот за државниот испит за матурантите.

За просветните работници веќе функционира специјална платформа за бесплатно и доброволно тестирање за Ковид-19.

Со воведувањето на карантинот во Грција на 7 ноември, училиштата и забавиштата продолжија со настава, меѓутоа една седмица подоцна и тие беа затворени по препорака на Комисијата на епидемиолози и за да се намали раздвиженоста на возрасните.

Би можело да ве интересира

Намален бројот на починати и заразени со Ковид-19 во Грција

Намален бројот на починати и заразени со Ковид-19 во Грција

Над 130.000 заразени и 241 починат од Ковид-19 за една седмица во Грција

Зголемен бројот на случаи на Ковид-19 во туристичките делови на Грција

Грција ги укинува речиси сите рестриктивни мерки за Ковид-19

Продолжено времетраењето на сертификатите во внатрешноста на Грција