Отворен конкурсот за 2013 година за Балканската стипендија за новинари

Од:

Новинари со искуство од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија,Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора, Романија и Србија, се поканети да аплицираат за седмата по ред Balkan Fellowship for Journalistic Excellence programme.

Секоја година, преку тој конкурс се избираат десет новинари кои ќе добијат финансирање и професионална поддршка да спроведат детално истражување на тема важна за регионот и за Европската унија.

Областа за истражување оваа година е „Интегритет“. Кандидатите кои ќе бидат избрани да земат учество во програмата од страна на независна комисија и ќе добијат стипендија во износ од 2.000 евра како и дополнителна финансиска поддршка во износ до 2.000 евра за покривање на патните и истражувачките трошоци.

На најдобрите три истражувања, независната комисија ќе им додели награди од 4.000, 3.000 и 1.000 евра. Завршните текстови ќе бидат објавени на англиски јазик и на локалните јазици, во познати регионални и меѓународни медиуми.

Стипендиската програма е основана во 2007 година од страна на фондациите Robert Bosch и ERSTE, во соработка со Балканската мрежа за истражувачко новинарство, BIRN, со цел промоција на новинарска извонредност и развиено прекугранично известување.

Крајниот рок за поднесување на апликациите е 5 (петти) март, 2013г. Формуларите за аплицирање, упатства и дополнителни информации за стипендијата се достапни на: fellowship.birn.eu.com.

Би можело да ве интересира

Коцевски: Јавно ја осудувам секоја форма на притисок и закани кои се насочени кон замолчување на новинарите

Американците 10 часа ги испрашувале руските новинари кои доаѓале да известуваат за изборите

Почина Исуф Кадриу, дописник на РСЕ од Скопје

Предраг Петровиќ

Ден на слободата на медумите – македонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

А1он

Со плати под просечната, новинарите даруваа крв и го одбележаа Светскиот ден на медиумите – 3 мај

A1on

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on