Само две од вкупно 14 барикади на северот на Косово се отстранети, јавува Нова.рс.
Станува збор за барикадите во околината на Зубин Поток и езерото Газиводa. Останатите се уште стојат.
Инаку, хеликоптери на КФОР постојано го надлетуваат северот на Косово и областа над барикадите.
Претседателот Александар Вучиќ по разговорите со Србите од Косово најави дека отстранувањето на барикадите ќе започне во четврток наутро, нагласувајќи дека тоа може да потрае и до 48 часа.
Претседателката на Косово, Вјоса Османи, рече дека очекува брзо отстранување на барикадите, бидејќи во спротивно, како што истакна, ќе почнат да ги отстрануваат.