Откриена тајната на српскиот мафијаш Беливук, за тоа знаеле само неговите најблиски соработници

Од:

Вељко Беливук, познат како Веља Неволja, имал тајна што освен неговата десна рака Марко Миљковиќ, ја знаеле само неговите најблиски „војници“.

Цело време, минатата година носел бомба со себе. Беливук го објаснувал носењето на бомбата со зборовите: „Нема да ме фатат жив“.

Според досега достапните информации, групата чии шефови се Беливук и Миљковиќ, ги киднапирале жртвите, а некои од нив ги касапеле и брутално убиле. Засега, јавноста сè уште нема точни податоци за одделни случаи и на кој начин секој од мажите чие исчезнување било пријавено, е ликвидиран.

Факт е дека „осмислувањето“ на бруталните убиства му било препуштено на Марко Миљковиќ, за кога неофицијално се наведува дека уживал да ги осакатува луѓето и затоа го добил прекарот „Касап“.

Оваа криминална група, која започнала да „работи“ минатата година заедно со криминалниот тим на Дарко Елез, кој беше екстрадиран во БиХ пред два дена, се чувствувала многу моќно и како никој да не им може ништо. Тие ги снимале убиствата и заканите, па тие ужасни снимки ги испраќале едни на други и на ривалските групи како закана.

Сепак, додека тие брутално убивале и киднапирале, Веља Неволја секогаш носел бомба со себе, што не била наменета за други, бидејќи Беливук и Миљковиќ прецизно ги планирале акциите и сите киднапирања.

– Вељa ја носеше бомбата исклучиво за себе. Тој се плашеше дека ќе падне во рацете на некој од Шкаљарскиот клан или на некој друг ривал. Тој збореше дека повеќе сака да се разнесе отколку некој да го измачува. Од тоа се плашеше. Не е тоа филмска приказна за еден куршум. Тоа е реалноста поради големиот број непријатели и она што тие го направија. Беливук очигледно се решил за бомба, како последно ниво на одбрана, за да не остави ништо на случајот, но и на крајот да го убие оној што би му пришол, пишуваат српските медиуми.

Беливук во семејната историја веќе има преживеано една трагедија предизвикана со бомба. Неговиот татко Небојша, пред 26 години во станот каде што живееле активирал рачна бомба. При тоа се самоубил, а во експлозијата загинале и неговата сопруга и нејзината мајка. Во моментот на трагедијата, во станот бил деветгодишниот Вељко и уште едно дете. Експлозијата го разнела станот, но тие преживеале.

Специјалното одделение на Високиот суд во Белград денеска го продолжи притворот за Беливук, Миљковиќ и 18 други осомничени дека се членови на нивната криминална група за уште 30 дена.

Би можело да ве интересира

Вељко Беливук и Дарко Шариќ обвинети за уште четири убиства

Обвинителството бара 221 година затвор за дилерите на Беливук

Валканите тактики на кланот на Беливук: Ги откажуваат адвокатите пред сведочењето на единствената преживеана жртва

Беливук: Уште еден член на групата ќе стане обвинет-соработник на обвинителството

Првата жртва на кланот на Беливук беше брутално убиена пред точно 4 години

Ана Ололовска

Куќа на ужасот: Прегледани 1000 морничави слики од куќата на Беливук во Ритопек

А1он