Осумте тела од трагедијата кај Посушје пренесени на обдукција, Ден на жалост во БиХ

Од:

Телата за осумте млади кои ги загубија животите во големата тргедија во Посушје се пренесени на обдукција во Мостар. Резултатите се очекува да бидат објавени во следните два дена. Во Босна и Херцеговина денеска е прогласен Ден на жалост.

„По налог на дежуриот обвинител направен е увид. Телата потоа се испратени во Мостар“ – рече началникот на полицијата во жупанијата, Милан Галиќ.

Детали за несреќниот случај се откриваат постепено. Објавен е идентитетот на осумте жртви, четири момчиња и четири девојки за кои се смета дека се задушиле од плин во новогодишната ноќ.

Кога точно дошло до гушењето треба да открие обдукцијата. Тие биле на прослава во викендичка во околината на Посушје. Со пријателите и роднините комуницирале некаде до четири часот наутро. Потоа престанале да одговараат на повиците.

Медиумите во Босна објавија дека во викендичката имало и уште едно момче кое вденаш по полноќ си заминалто затоа што утрото имало работни обврски.

Би можело да ве интересира

Рекордни количества плин купуваат европските земји од Русија

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар