Осум години казна затвор за поранешниот хрватски премиер Иво Санадер

Од:

Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер денеска беше прогласен за виновен и доби осум години затворска казна за извлекување пари од маркетинг компанијата „Фими“ медиа.

Во овој случај, неговата партија „ХДЗ“ беше прогласена за одговорна за корупција.

Во пресудата, се наведува дека Санадер, поранешен премиер и претседател на „ХДЗ“, со неговите соработници Баришиќ и Павошевиќ, организирал група луѓе да извршат противзаконски активности.

Наведено е дека во периодот од 2005 до 2009 година, Санадер за да добие имотна корист и наредил на Бранка Павошевиќ да не ги бележи парите предадени од Баришиќ во деловните книги.

Се додава дека Санадер чувал дел од тие пари за себе, а осум милиони куни биле искористени за финансирање на неговата партија.

„Од 24 милиони куни, осум отидоа во ХДЗ, дел му било дадено на Санадер за патување во САД“, соопшти хрватскиот суд.

Осумгодишната затворска казна на Санадер ќе го вклучува и времето поминато претходно во истражен затвор.

Би можело да ве интересира

Цвијановиќ ги повика Хрватска и Србија да одржат нови преговори за Дејтон

ВИДЕО: Акцијата за спасување на Костелиќ во Црна Гора траела пет часа, објавени снимки

Црногорската војска го спаси Ивица Костелиќ од морето кај Улцињ

Трагедија во Хрватска: Три деца загинаа во пожар

Со церемонија пред Собранието Гаши го пречека претседателот на хрватскиот Сабор

Фрлена бомба во куќата на познат хрватски фудбалски менаџер