Осум деца се повредени во опасниот предизвик на TikTok наречен „крвни пари“

Од:

Осум ученици од осмо одделение на Основното училиште „Десанка Максимовиќ“ во Теслиќ се повредени во предизвик што го затекнале на ТикТок.

Предизвикот „крвни пари“ бара од децата да стават парички меѓу прстите на тупаниците за да видат кој може најдолго да го издржи притисокот.

Колку е болен предизвикот е доказ видеото од група млади луѓе од Германија кои заглавуваат парички меѓу прстите и си создаваат рани на рацете од кои многу брзо почнува да тече крв, пишува Блиц.

– Учениците од Теслиќ се испратени на советодавна работа кај педагог. Целта не е само казнување на овие ученици, туку тие да сфатат што е добро за нив, а што не“, рече директорот на училиштето Александар Ристиќ.

Тој предупреди на физичкото насилство на интернет и социјалните мрежи и на фактот дека во училиштето е спроведена студија, чии резултати се загрижувачки – 76 отсто од средношколците имаат профил на TikTok и учествувале во барем еден од предизвиците.

Би можело да ве интересира

Астрономска понуда за TikTok: Американски милијардер во трка за апликацијата

ТикТок ќе се забрани доколку некоја појава од инцидент прерасне во пракса, вели Андоновски

Маск: Не сум заинтересиран да го купам TikTok

Горан Наумовски

Трамп нареди создавање нов државен фонд: „Тој би можел да го купи TikTok“

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

ЛДП: Забрана на Тик Ток и контрола на содржината на социјалните мрежи за поголема онлајн заштита на децата