Османи: Обезбедуваме поддршка за Македонците во Албанија

Од:

Министерот Османи во рамките на своите работни активности,во недела, на 28 август, оствари работна посета на Требиште и Пустец, при што оствари средба со истакнати активисти и претставници на Македонскотонационално малцинство и носителите на локалната власт. Посетата на министерот Османи, втора по ред во изминатите неколку месеци од годинава, е во рамките на континуираната соработка меѓу Министерството за надворешни работи и македонските здруженија во Албанија.

Во фокус на разговорите беше положбата на Македонското национално малцинство во Албанија и поддршката на институциите на Северна Македонија во тој контекст.

„Министерството за надворешни работи останува во комуникација со Македонското национално малцинство Албанија за прашања кои ги засегаат Македонцитеовде и активно е ангажирана за заштита и промовирање на нивната етничката, културна и јазична посебност“, нагласи Османи по средбата. Ги издвои проектите финансирани од Министерството за надворешни работи и Владините стипендии за студирање во Северна Македонија, како конкретна форма на помош во таа насока.

Министерот Османи потенцира дека ќе подготви информација до Владата и акциски план, како Северна Македонија и нејзините институции можат преку конкретни проекти да им помогнат на Македонците во Албанија.

На средбата со претставниците на Требиште се разговараша околу можностите за промена на работното време на граничниот премин Требиште-Џепиште, како исклучително важно прашање за македонското население во регионот на Голо Брдо, проширувањето на соработката меѓу локалните единици од двете страни на границата и поттикнување на економската и културната соработка. Османи ја издвои иницијативата Отворен Балкан која меѓу другото подразбира отворање нови или ревитализирање на постојните гранични премини. Потенцираше дека преминот Требиште – Џепиште ќе придонесе за уште поголема флуктуација на населението што ќе овозможи подобрување на севкупните прилики во овој крај.

Посетата на Пустец, Мала Преспа беше искористена за средба со претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција, Васил Стерјоски, градоначалникот Пали Колески и директорот на основното и средно училиште Трајан Вангеловски, во кое учениците посетуваат настава на македонски јазик. Се разговараше за подобрување на условите за живеење и беа разгледани повеќе проекти поврзани со комуналното уредување на општината. Ја истакнаа потребата од натамошно зголемување на можностите за студирање на високо образовните институции во Северна Македонија, која се спроведува повеќе децении.

Во рамки на престојот во Пустец, Османи ќе го посети спомен куќата на писателот Стерјо Спасе, проект кој во рамките на ИПА програмата на ЕУ беше реализиран од страна на Битолскиот завод – музеј и Дирекцијата за култура на Корча.

Би можело да ве интересира

Османи и Адеми кај семејството на притворениот Крешник Бекштеши за Рамазан Бајрам

Османи: Нека направи Мицкоски за албанскиот јазик пола од тоа што јас имам направено за македонскиот, Албанците ќе му бидат благодарни

А1он

ВРЕДИ: Кој го спаси Бујар Османи?

А1он

ВЛЕН: Време е ДУИ да направи вистински ветинг почнувајќи од Бујар Османи, најдобриот другар на Артан Груби

Горан Наумовски

Османи: Подготвителната седница е продолжување на процесот на укинување на Законот за јазиците

Катерина Ѓуровски

Османи: Уставен суд извршува наредби на ВМРО-ДПМНЕ