Претседателката Вјоса Османи му се заблагодари на конгресменот Мајкл Тарнер за поддршката, додавајќи дека Косово e успешно благодарение на САД, пренесува Коха.
„Непоколебливата посветеност на САД кон Косово беше неопходна на патот кон независноста и државноста“, рече Османи.
Како што се наведува во соопштението на Претседателството, Османи најави дека целта на Косово е членство во меѓународните организации како НАТО, ЕУ, Советот на Европа и други институции.