Општинската полиција во Солун патролира и апелира граѓаните да седат дома

Од:

Општинската полиција во Солун, во текот на вчерашниот ден на шеталиштето, а утрово во просторите за спортување на отворено, патролира, препорачувајќи им на граѓаните да останат дома, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, утрово, општинските полицајци „поминале“ од просторите за спортување за кои не постои опција да се затворат.

-Сите отворени простори за спорт и забава што можат да се заклучат, се заклучени. За останатите простори и кога има информации дека има народ, во соработка со општинската полиција ги информираме да се тргнат за да се ограничи ширењето на вирусот”, вели за АНА- МПА Петрос Лекакис, заменик-градоначалник на Солун, надлежен за спорт, млади и волонтерство.

Во текот на вчерашниот ден пак, шеталиштето во Солун било полно со граѓани, па во попладневните часови, општинската полиција заедно со полицајци со мотори патролирале и апелирале до граѓаните да останат дома.

Од општината, за грчката новинска агенција, вчера рекле дека полицајците на мотори и полицајците од општината ќе продолжат со патролите колку што е потребно за да им препорачуваат на Солунчани да не излегуваат од дома.

Би можело да ве интересира

Во Грција исчезна петгодишното момче Игор од Србија

Горан Наумовски

Голем шумски пожар во близина на Атина: Пожар зафати куќи, бројни пожарникари и 17 авиони учествуваат во гаснењето

Голем пожар на грчкиот остров Серифос во Егејското Море

Тринаесетгодишно девојче загина од гром на плажа на Халкидики

Предраг Петровиќ

Грција: Раководството на Северна Македонија се враќа на дејствија што алудираат на иредентизам

Големи пожари избувнаа низ Грција, пристигнуваат хеликоптери за да им помогнат на пожарникарите

Горан Наумовски