Опозицијата го блокираше Собранието на Република Српска

Од:

Опозициските пратеници во Собранието на Република Српска синоќа ја блокираа работата на ова законодавно тело, откако застанаа околу местата на кои седи парламентарното претседателство, по што собраниската седница беше прекината.

Претставници на владејачките партии и на опозицијата до доцна синоќа не успеаја да постигнат договор за надминување на блокадата, по што потпретседателот на Собранието, Ненад Стевандиќ најави дека претпладнево ќе се одржи нова средба на шефовите на пратеничките групи.

Опозицијата најави дека нема да отстапи од „физичка блокада на работата на Собранието“, се додека парламентарното мнозинство „не престане со теророт“ и непочитување на собранискиот Деловник, Уставот и законите.

– Повеќе не е можен нормален колосек. бидејќи ова парламентарно мнозинство не размислува со своја глава, туку со главата на еден човек, изјави пратеникот на опозициската Српска демократска партија (СДС), Вукота Говедарица.

Пратеникот од опозициската Партија за демократски прогрес (ПДП), Бранислав Бореновиќ, пак оцени дека е бесмислено опозицијата да учествува во работата на Собранието кого не се почитува парламентарната демократија во согласност со Уставот и законите.

Причина за одлуката на опозицијата за блокада на Собранието беше решението на парламентарното мнозинство за повлекување од дневен ред на Извештајот за работата на Главната ревизорска служба, во кој се посочува дека е утврден буџетски дефицит поголем за 65 милиони евра од оној што го покажуваат официјалните податоци на Владата на Република Српска.

Би можело да ве интересира

Пожар во семејна куќа, пронајдени три јагленосани тела

А1он

Додик: Надворешно-политичкиот сегмент на БиХ е целосно уништен

Горан Наумовски

Република Српска во вонредна состојба во очекување на пресудата за Додик

Граѓаните уплашени на местото каде што полицијата трага по монструмот Селимовиќ: „Може да ни дојде на врата“

Додик: Ако САД имаат право на Гренланд, тогаш Србија има право и на Република Српска

ВИДЕО: Ноќните волци на Путин учествуваа на парадата во Бања Лука