Во Љубљана се случик вистински скандал кога при операција на здрав човек му е отстранет желудникот, бидејќи се верувало дека тој има рак. Подоцна се покажало дека тоа е грешка и дека дијагностичарот ги заменил примероците од ткивата на два пациенти.
Лекарите оперирале пациент кој воопшто не ни имал рак. Адвокатот на пациентот најавил дека секој вмешан во случајот ќе сноси одговорност.
Пациентот веќе закрепнувал од операцијата која наводно му го спасила животот, а потоа добил повик дека тој никогаш не ни бил болен. Резултатите се докажале при анализа на отстранетиот орган, на кој не биле пронајдени никакви знаци на карцином.
Започната е истрага при Институтот за патологија на Медицинскиот факултет во Љубљана, при што повторно се анализирани примероци. Со тоа е докажано дека оперираниот пациент никогаш немал онколошко заболување. Во даден момент дошло до замена на примероците од испитувањата.
Лекарите се во контакт со двајцата пациенти, со цел да се најде решение кое ќе им ја олесни ситуацијата – и на оној кој здрав останал без желудник, но и на оној кој всушност имал рак, а добил дијагноза дека е здрав.