ОН се подготвени за испраќање дополнителна хуманитарна помош на Балканот поради поплавите

Од:

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун им се заблагодари на земјите-членки на Обединетите нации за брзата реакција на катастрофата предизвикана од поплавите на Балканот, додавајќи дека Светската организација е подготвена за испраќање дополнителна хуманитарна помош, доколку тоа биде побарано од неа.

Бан изрази загриженост поради загрозеното население во Србија, БиХ и Хрватска, на кои итно им се потребни лекови, вода за пиење и други основни намирници.

– Повеќе од 70.000 луѓе се евакуирани, а над 50 лица загинаа во БиХ, Србија и Хрватска. Илјадници куќи останаа без вода и електрична енергија, а до нив може да се стигне само со чамец, се наведува во соопштението од кабинетот на генералниот секретар на ОН.

ОН и нивните партнери тесно соработуваат со државните власти, поддржувајќи ги напорите на координирање и проценката на штетите, како и давајќи помош и опрема.

Портпаролката на Светската програма за храна на ОН, Елизабет Бирс вчера во Женева истакна дека оваа агенција успеала да ги активира своите операции во погодените балкански држави за помалку од 36 часа од почетокот на поплавите.

Би можело да ве интересира

Големи поплави зафатија делови од Мека и Медина во Саудиска Арабија

Осуммина Македонци на листата 100 најбогати во регионот за 2024

(ВИДЕО) Силно невреме во Грција: На неколку места е прогласена вонредна состојба

Горан Наумовски

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски