ОН: Можно е решение со новите преговори за Кипар

Од:

Новите преговори за обединувањето на Кипар, што започнуваат утре во Женева, се „уникатна можност” за изнаоѓање решение, изјави специјалниот пратеник на Обединетите Нации за Кипар, Еспен Барт Ејде на прес-конференција во Женева.

– Претстојат долги денови и тешка работа без гаранција за успех, но ова е уникатна можност и решение е можно, истакна тој пред своето заминување за Кран Монтана, каде што ќе се водат преговорите.

Кипарскиот претседател Никос Анастасијадис и лидерот на кипарските Турци, Мустафа Акинџи утре почнуваат нова рунда преговори по неуспехот на претходната која се одржа во јануари.

Разговорите под покровителство на ОН се очекува да траат десетина дена, а целта е да биде изнајдено конечно решение за поделениот остров.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Кипар

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот