ОН ќе го преразгледа присуството на Кипар по неуспешните преговори за островот

Од:

ОН ќе го преразгледа своето присуство на Кипар по неуспехот на преговорите за повторно обединување на островот, изјави раководителката на Мировните сили на ОН во Кипар (УНФИКИП) Елизабет Спехар, јави ДПА.

Преговорите меѓу лидерите на кипарските Грци и кипарските Турци, Никос Анастасиадис и Мустафа Акинџи, со посредништво на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш завршија на 7 јули во швајцарското одморалиште Кран Монтана без да биде постигнат договор.

Советот за безбедност на ОН се согласи да го продолжи мандатот на УНФИКИП за шест месеци, сметано од 1 август, соошти синоќа постојаниот претставник на Кина во ОН Лиу Џиеи.

– Но, мисијата ќе биде преразгледана во рамките на стремежот за оценка на ефикасноста и мировната улога на ОН, изјави Спехер.

– Мандатот на УНФИКИП подлежи на обновување двапати годишно, но при отсуство на процес, што треба да биде поддржан, нема да има што да прават службите на мисијата и специјалниот претставник на ОН за Кипар Еспен Барт Ајде, посочи Спехер.

– Сега не е време за да се обвинуваме едни со други. Ние треба да признаеме дека невозможноста за постигнување на договор во Кран Монтана е колективен неуспех, нагласи Ајде, јави ТАСС.

Ајде изрази надеж дека Анастасиадис и Акинџи „нема да носат избрзани заклучоци и сериозно ќе се замислат за тоа што може да биде направено, сега кога пропадна конференцијата за Кипар“.

Ајде потенцираше дека, по неуспехот на преговорите, иднината на неговата мисија е ставена под прашање, забележувајќи дека посредничките напори на ОН ќе им бидат секогаш на располагање на лидерите на двете заедници, ако тие побараат да биде продолжен дијалогот.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот