Околу 500 полицајци ќе се грижат за безбедноста на изборите во северниот дел на Косово

Од:

Околу 500 припадници на косовската полиција ќе бидат ангажирани утре во северниот дел на Косово, каде по првпат ќе бидат одржани парламентарни избори за косовското Собрание.

Регионалниот шеф на Косовската полиција Жељко Бојиќ изјави дека регионалната косовска полиција „Митровица-Север“ изработила оперативен план со кој е предвидено ангажирање на 476 полициски службеници за време на парламентарните избори, пренесува Танјуг.

– Во близина на секое гласачко место ќе бидат ангажирани голем број полициски службеници, кои ќе имаат за цел да се грижат за безбедноста на сите граѓани. Освен тоа ќе биде зголемен и бројот на пешачки и мобилни патроли, нагласи Бојиќ.

За безбедноста на парламентарните избори во Косово, освен косовската полиција ќе бидат ангажирани и ЕУЛЕКС и војниците на КФОР.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица