Вкупно 3.498 Грци добиле германско државјанство минатата година, што е за 25 отсто помалку во споредба со 2012 година.
Околу 110.000 странци станале државјани на најголемата европска економија во 2013 година. Меѓу нив најголем број се Турците – 27.970 лица, а потоа следат Полјаците, Украинците и Грците.
За да поднесат барање за германско државјанство, странците треба да живееле во земјата најмалку осум години и да го зборуваат германскиот јазик.