Околу 200 сириски бегалци штрајкуваат со глад пред грчкиот Парламент

Од:

Повеќе од 200 Сиријци, кои бегајќи од борбите во својата татковина засолниште нашле во Грција, вчера стапија во штрајк со глад пред грчкиот Парламент во Атина, барајќи од грчката Влада да им издаде привремени работни дозволи и престојувалиште.

Тие уште минатата недела почнаа да се собираат на главниот атински плоштад, жалејќи се дека за да преживеат присилени се, како што велат, „на црно“ да плаќаат многу поголеми наемнини за да живеат во сиромашни станови во Атина.

– Луѓето живеат во лоши услови. Добивме привремени патни документи, но никаде не можеме да одиме. Не можеме да работиме, да одиме во болница или да изнајмиме место за живеење, изјави Халдун Фадел (31), кој дошол од Дамаск.

Сиријците, кои стапиле во штрајк со глад, наведуваат дека само ќе јадат шеќер. Неколку десетици од нив устите ги залепиле со селотејп, оставајќи пред себе тенки парчиња леб.

– За некого станот што чини 250 евра месечно ние мораме да го платиме 1.000 евра, изјави Фадел.

Во неделата демонстрантите ги посети регионалниот гувернер, Рена Дуру, која вети дека ќе ги контактира претставниците на црквата и Владата за да им обезбеди привремено сместување.

Би можело да ве интересира

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Грција

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ