Околу 100.000 верници се собраа во Меѓугорје

Од:

Околу 100.000 верници од целиот свет се собраа денеска во Меѓугорје, за да ја одблежат 32-годишнината од појавувањето на Мајката Божја, предмет на повеќегодишни истражувања.

Најмногу верници од кои голем број пристигнаа пеш од соседните општини, се од Босна и Херцеговина и Хрватска, пренесува агенцијата „Фена“, со напомена дека во текот на денот ќе се одржат миси на дваесетина светски јазици.

Во Меѓугорје организирано допатуваа и групи верници од Италија, Германија, Австрија, Словачка, Чешка, Унгарија, Швајцарија, Франција, Полска, Ирска, но и од САД, Канада, Јапонија.

Според тврдењата на шест деца, Мајката Богородица во Меѓугорје за првпат се појавила во местото Подбрдо и им се обратила во предвечерието на 24 јуни 1981 година.

Бискупите на поранешна Југославија во неколку наврати вршеа истражувања за овој феномен, а последната изјава за тоа ја објавија на 10-ти април 1990 година, кога не го потврија, но и не го отфрлија натприродниот настан.

Во март 2010 година воспоставено е посебно 17-члено ватиканско претставништво кое го истражува феноменот во Меѓугорје.

Од појавата на феноменот, Меѓугорје според црковните податоци го посетиле околу 50 милиони верници.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина