Огромен пад на бројот на косовски азиланти во Германија

Од:

Речиси двојно е намален бројот на баратели на азил од Косово во текот на месец април, информира германската федерална канцеларија за миграции и бегалци, јави дописникот на МИА од Берлин.

Според последните анализи бројот на косовски азиланти во Германија е намален за 94 проценти. За разлика од почетокот на февруари, кога некои денови по 1.500 Kосовци бараа азил сега нивниот број не е поголем од 100 што сеуште претставува голема бројка но е далеку од напливот на азиланти во првите три месеци од годинава.

Според германските власти падот на бројот на азиланти се должи на информираноста на Косовците дека не можат да добијат легален простој по основа на азил во Германија и дека миграцијата не е решение за тешката економска состојба на Косово.

Во март бројот на баратели на азил од Косово достигна до 11.700 апликации и ја постави најмладата европска држава на првото место на земји од каде доаѓаат азиланти. Пред Косово беа дури и зафатените со војна Сирија и Ирак.

Според германските власти причината за егзодусот од најсиромашната европска земја е тешката економска состојба во која невработеноста е 45 отсто од населението.

Процентот на одобрени барања за азил на Косовските и на сите други азиланти не минува над 0,2 проценти што значи дека само двајца од илјада баратели на азил можат да добиат формален статус на бегалци во Германија.

Од почетокто на 2015 година соочена со огромен број на барања за азил од така наречените „безбедни земји“ меѓу кои се и Србија, Македонија, Црна Гора, Албанија и Косово, Германија воведе побрзи процедури за одговор на барањата при што рокот за одогвор од околу четири месеци се намали на само две недели. По одговорот одбиените азиланти веднаш на трошок на Германија се депортираат во земјите на потекло.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица