Офицер на НАТО: Жал ми е, ја бомбардиравме Југославија без причина

Од:

Фрапантно признание на офицер на НАТО. Норвешкиот новинар и поранешен портпарол на мировните сили на НАТО на Косово Кристијан Карс вели дека  Југославија без доволно причини била бомбардирана. Поради чувство на одговорност  и лиќна и колективна го покренал блогот, кој многу кажува. Блогот е наречен: „Србија, извини“.

„Ние влеговме во војна со Југославија без доволно причини. Југославија имаше избор: окупација на територијата или бомбардирање. Ниту една земја на светот не би реагирала различно од Југославија во 1999-та година“,  вели Карс.

Кога на на Косово дошол во 2000-та  година,   поставен е  на местото офицер за односи со јавноста на КФОР.. Малку повеќе од еден месец подоцна,  откако Карс ја започнал неговата служба, во базата на КФОР пристигнал повик: „Албанците фрлиле бомба врз цивилен автобус „Ниш експрес“, во близина на Подуево. Билансот е  12 мртви“.

„На местото на масакрот стигнав час и половина по експлозијата. Се уште се чуствуваше тој мирис, на делови од тело насекаде облиени во крв. Тогаш тој ден стана најважниот во мојот живот. Почнав да чуствувам некој вид колективна одговорност поради тоа што и се случи на Југославија во 1999 година“, вели Карс.

За „трендот“, кој во западна Европа трае веќе две децении, а во кој Србите како народ, се означуваат како одговорни за се што се случувало на Косово, Карс вели дека не е добар и напоменува дека секоја завојувана страна има свои виновници. Според неговите зборови, војниците на КФОР на Косово пристигнаа со потполно погрешна слика за Србите.

Разговарав со војниците на КФОР, нивниот став беше дека истото го прават и Србите. Но, германските војници ми прераскажуваа како во 1999-та година во Призрен виделе Срби кои се убиени од страна на ОВК. Тие војници и офицери дошле на Косово да го бранат од Србите, но за неколку недели го променија ставот за се, вели овој офицер.

 

Би можело да ве интересира

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Николоски: Ќе се гради гасен интерконектор меѓу Македонија и Србија

Лекот „диклофен“ oд 50 милиграми на „Галеника“ е повлечен од аптеките во Србија

Горан Наумовски

Стопанската комора на Србија отвора претставништво во Скопје

Николовски од Белград: Затоплување на политичките односи и подобрување на економската соработка со Србија

Предраг Петровиќ

Голем пожар во Шумадија, домаќинствата засега не се загрозени