Оџалан побара од турската Влада да го забрза процесот за мирно решавање на курдскиот конфликт

Од:

Лидерот на Курдската работничка партија (ПКК) Абдула Оџалан ја повика турската Влада да преземе конкретни активности и да го забрза процесот за мирно решавање на курдскиот конфликт.

– Исклучително е важно Владата сериозно да го разбере ова прашање и да го забрза мировниот процес. Ние ги продолжуваме преговорите и покрај некои пречки и провокации, нагласи Оџалан пред пратениците од прокурдската Демократска партија на народите.

Пратениците од оваа партија вчера го посетија лидерот на ПКК, кој отслужува доживотна казна затвор на островот Имарли во Мраморното Море.

Оџалан, исто така, побара од Владата на Партијата на правдата и развојот итно да определи принципи и механизам за „посуштински преговори“.

Кон крајот на 2012 година турските власти започнаа преговори за мирно решавање на курдскиот проблем со лидерот на ПКК, Абдула Оџалан.

Би можело да ве интересира

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски

Масовен бојкот во Турција – Владата тврди: Тоа е саботажа

Горан Наумовски

Турската полиција го уапси и адвокатот на Имамоглу

Горан Наумовски

1.900 лица приведени во Турција за време на протестите против апсењето на Имамоглу