Одобрено повторно пребројување гласови од пет места во Сребреница

Од:

Централната изборна комисија на БиХ одобри Општинската изборна комисија во Сребреница да отвори вреќи со гласачки ливчиња од пет избирачки места и со контролно броење да утврди резултати од избори.

– Станува збор за избирачки места на кои не беше можно да се утврди математичкото несогласување на резултатите при внесување во апликација за обработка на изборни резултати без отворање на вреќи, појасни портпаролката на ЦИК, Максида Пириќ.

Полицајци од Центарот за јавна безбедност (ЦЈБ) во Бијелина го чуваат изборниот материјал во Сребреница.

– Полициски службеници се во зградата на општина Сребреница каде го обезбедуваат изборниот материјал со цел одржување безбедна состојба, изјави портпаролката на ЦЈБ Александра Симојловиќ.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина