Одложена средбата на Процесот Брдо-Бриони во Словенија идната недела

Од:

Словенечкиот претседател Борут Пахор ја одложи средбата на Процесот Брдо-Бриони, што требаше да се одржи в понеделник, 29 јуни, во Крањ, поради епидемиолошката состојба во земјата и во регионот.

Процесот Брдо-Бриони е серија на мултилатерални настани посветени на земјите од Западен Балкан и нивните напори да станат членки на Европската унија, а во него учествува и С. Македонија.

На состанокот, како што се наведува во соопштение од неговиот Кабинет,  требаше да присуствуваат претседателите на сите земји-членки на иницијативата.

Пахор ги известил претседателите на тие држави дека мора да ја одложи закажаната средба, бидејќи како домаќин, и покрај многу планирани мерки, тој не може да обезбеди услови во кои нема да постои ризик од пренесување на инфекцијата.

 

Би можело да ве интересира

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски