Одложена седницата на косовскиот Парламент за Специјалниот суд за воени злосторства

Од:

Косовскиот Парламент ја одложи седницата, на која денеска требаше да се расправа за создавањето на Специјалниот суд за воени злосторства на поранешната ОВК.

Пратениците во Парламентот различно го толкуваат одложувањето на седницата, но повеќето опозициски пратеници сметаат дека со тоа се сака да се добие на време за собирање на потребното мнозинство од две третини или 80  гласови од вкупно 120 пратеници.

Седницата беше одложена на барање на Демократската партија на Хашим Тачи со образложение дека на пратениците не им се доставени документите од Брисел потребни за расправата.

Претседателот на опозициската Иницијатива за Косово, Фатмир Лимај го смета за банално ова образложение.

Тој додаде дека некој се обидува да „купи време за да ги убеди пратениците да гласаат против своја волја“.

Опозицијата веќе се изјасни дека ќе гласа против, а според медиумите, постои можност против да бидат и дел од пратениците на владејачкото мнозинство. Досега осуммина пратеници од Демократската партија на Косово најавиле дека ќе бидат против специјалниот суд.

Меѓународната заедница предупредува дека  ако Косово не го формира тој суд ќе биде основан под закрила на Обединетите нации.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица