Одиграл натпревар со куршум во главата

Од:

Голманот на една од екипите кои играле мал фудбал во Сараево почувствувал дека нешто го погодило, а имал и болки во главата, но мислел дека се повредил при удар во статива. Го одиграл натпреварот до крај и добро бранел. Примил само еден гол – велат неговите пријатели, пишува Дневни аваз.

51 годишниот Душко Крталица не ни сонувал дека во главата има куршум!

Бил пренесен во болница каде лекарите останале шокирани кога на снимката виделе куршум!

Душко бил веднаш опериран на Клиниката за неврохирургија, и се наоѓа во стабилна состојба.

Полицијата извршила истрага во населбата Бољаков Поток каде Душко играл фудбал со пријателите. Од каде е пукано?

Се испоставило дека во оваа населба тој ден имало 3 свадби, а на една од нив се пукало.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина