Оддадена последна почит на 520-те новооткриени жртви од масакрот во Сребреница

Од:

Стотици Босанци се собраа денеска на главната улица во Сараево, од каде минаа камионите што го превезуваа 520-те ковчези за градот Сребреница, каде ќе бидат погребани останките на новооткриените и идентификувани жртви од најголемиот масакр во Европа по Втората светска војна.

Трите камиони стигнаа до босанското претседателство, каде запреа на неколку минути, при што расплаканата толпа луѓе положи цвеќе врз церадите што ги покриваа камионите.

Останките на 520-те жртви од масакрот во Сребреница, идентификувани преку ДНК-тестови, ќе бидат погребани во среда, во истоимениот меморијален центар, кога ќе се одбелжи 17-годишнината од убиството на над 8.000 босански муслимани (мажи и момчиња).

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина