Од воен магацин во Албанија „исчезнале“ 12.000 парчиња ТНТ

Од:

Од воен магацин кај селото Нуај во близина на албанскиот град Круја биле украдени 12.000 парчиња експлозив ТНТ, секој со тежина од по 200 грама.

Како што јави допсиникот на МИА, вредност украдениот ТНТ е 200 милиони лека (околу 100 милиони денари).

Обвинитеслтвото и полицијата извршиле увид, а засега е уапсен само магацинерот.

– Можно е ова количество експлозив да е продадена на каменоломите во ова подрачје, но не се отфрла ни можноста тој да завршил во раце на криминалци за терористички цели во областа на Круја, но и во други делови на Албанија, како и надвор од нејзината територија, наведува електронското издание на тиранскиот весник „Шекули“.

Според весникот на ваковзаклучок наведува зачестеното поставување експлозиви, како во автомобили, домови на бизнисмени, на електрични столбови и водни резрвоари.

Истрагата треба да испита кој се вмешан во овој криминал. Ова не прв случај да се регистрира кражба на ТНТ од воен магацин во Албанија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос на протестите во Тирана: демонстрантите фрлаа молотови коктели, има повредени полицајци

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја