Oд Велика Британија депортирани 42 албански државјани, 32 од нив осудени на вкупно 89 години затвор

Од:

Од Велика Британија во Албанија попладнево депортирани беа 42 албански државјани, кои илегално влегле на британска територија или се осудени за криминални активности.

– Меѓу депортираните се 32 криминалци осудени на вкупно 89 години затвор за разни кривични дела, вклучително и трговија со дрога и помагање за илегален влез во земјата. Ова е четврт лет за нешто повеќе од еден месец со кој се депортираат Албанци. Во ноември, прекршителите на британските закони, на кои им беше изречена вкупна затворска казна од повеќе од 24 години, беа меѓу 26-те Албанци вратени дома, јави Тип чанел.

И пред нешто повеќе од една недела, 11 Албанци беа депортирани од Велика Британија во Тирана.

Според британските надлежни органи, во периодот јануари-октомври годинава, најмалку 12.000 албански државјани, со гумени чамци, илегално влегле во земјата преку каналот Ла Манш.

Пред две години таа цифра беше само 50, а лани – 800 албански државјани.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он