Од утре маската нема да биде задолжителна на затворено во Грција

Од:

Задолжителната маска во затворените простори во Грција од утре се укинува, а исклучок се болниците, домовите за стари лица и јавниот градски превоз, додека пак во текот на оваа седмица ќе се донесе одлука за протоколите за бродовите и траектите, јави дописничката на МИА од Атина.

Одлуката ја соопшти министерот за здравство на Грција Танос Плеврис пред две седмици и рече дека е привремена, односно ќе важи до 15 септември 2022 година.

-Укинувањето на задолжителната употреба на маска значи дека нема да се изрекува административната казна, но сепак останува охрабрувањето и препораката, дека ќе треба да се користи маската во сите простори, особено за населението кое припаѓа на ранливите категории, рече тогаш Плеврис.

Маската повеќе нема да биде задолжителна за затворените простори, како што се супермаркетите и продавниците, но и за авионите и за превозните средства со нумерирани седишта, односно возовите и меѓуградските автобуси.

Задолжителна останува во болниците, домовите за нега на стари лица и слични институции, како и во јавниот градски превоз, како што се автобусите, метрото, трамваите и тролејбусите.

Маската, воедно е и последната мерка што важеше во Грција, со што летото ќе биде целосно слободно и без никакви ограничувања.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он

Грчката полиција го забрани денешниот најавен собир на Албанците во Атина