Најмалку 800 бегалци и мигранти од пет грчки острови, во текот на денот, со патнички брод ќе пристигнат во Атина, а потоа со автобуси ќе бидат распределени низ континентална Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Според грчките медиуми, 724 лица, вчера тргнале од островот Лезбос, а бродот ќе застане и на Хиос, Самос, Лерос и Кос, од каде што дополнително ќе бидат земени бегалци и мигранти, во рамките на планот на Владата за празнење на островите.