Од денеска задолжително сортирање на отпадот во Хрватска

Од:

Од денеска сите хрватски градови и општини задолжително треба да обезбедат контејнери за одделно собирање на седум видови отпад – хартија, метал, стакло, пластика, текстил, опасен и габаритен отпад, јави хрватската државна телевизија ХРТ.

Овој проект уште во средината на јуни го најави хравтскиот министерот за животна средина Михаел Змајилович, кој даде рок овој проект да биде подготвен до 24 јули. Министерот рече дека општините имале доволно време и пари за да го подготват проектот и дека од денеска, па се до крајот на годината, приоритет на инспекциите за животна средина ќе биде да проверуваат дали се обезбедени услови за сортирање на отпадот.

Змајилович соопшти дека казни за непочитување на одлуката ќе се движат од 13.000 до 39.000 евра.

Владата на Хрватска планира до крајот на 2018 година да ги затвори сите депонии и да создаде центри за управување со отпадот, а од 1 јануари 2020 година, Хрватска да рециклира најмалку 50 проценти од отпадот.

Целта на овие мерки е да се намали отпадот и да се зголеми рециклирањето, примарен услов кој е воведен за таа цел е сортирањето на отпадот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Детали за авионската несреќа кај Загреб: еден мртов, четворица повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Авион се урна во близина на Загреб, еден мртов, тројца повредени

Катерина Ѓуровски

Хрват доби казна од 700 евра за коментар на Фејсбук: Можеше да заврши во затвор

РТЛ: Бродовите во Медулин биле запалени со „Молотов коктел“

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски