Од БиХ во Словенија минатата година заминале речиси 20.000 работници

Од:

Агенцијата за труд и вработување на БиХ минатата година издала речиси дваесет илјади работни дозволи на лица од Босна и Херцеговина во Словенија.

Минатата година во Словенија работна дозвола добиле 19.575 работници од БиХ, додека во 2013 година Агенцијата за труд и вработување на БиХ издала само 661 работна дозвола за работа во Словенија.

Според податоците на Агенцијата за труд и вработување на Босна и Херцеговина, од 2013 до 2021 година во Словенија работна дозвола добиле вкупно 78.042 работници.

Во досегашното спроведување на Договорот за вработување на државјани на БиХ, во Словенија најмногу се бараат возачи, заварувачи, ѕидари, помошни работници во производството, електричари, бравари, фасадери и градежни работници.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар