Од 18-те изборни листи, осум позитивно гледаат на евроинтеграцискиот процес на Србија

Од:

Од вкупно осумнаесет изборни листи за кои граѓаните ќе гласаат на 3 април, осум од нив имаат позитивен став кон процесот на европската интеграција на Србија и барем декларативно ги препознаваат европските вредности како исклучително важен дел од нивните политички аспирации, соопшти денеска образовната организација на граѓанското општество-Белградското отворено училиште (БОШ), јави дописникот на МИА од Белград.

-Во рамките на партиските коалиции во најголем број случаи постојат усогласени ставови кон евроинтеграциите. Исклучок е коалицијата „Александар Вучиќ – Заедно можеме се“, во чии рамки доминантната партија Српската напредна партија (СНС) ја гледа ЕУ како на модел и пример, додека Српската народна партија (СНП) на Ненад Поповиќ е јасно целосно евроскептична партија, се вели во соопштението на БОШ.

Од БОШ посочуваат дека програмите на неколку партии не содржат надворешнополитички елементи врз основа на кои може да се заклучи дека се настроени кон европската перспектива и дека тоа е случај со изборната листа „Борис Тадиќ – Ајде луѓе“, имајќи предвид дека Движењето еден од пет милиони не се изјаснува за членство на Србија во ЕУ, додека другите коалициски партнери сметаат дека членството е исклучително важна надворешнополитичка цел на Србија.

-Четири изборни листи остро се против членството на Србија во ЕУ: „Д-р Воислав Шешељ – Српска радикална партија“, „Д-р Милош Јовановиќ – Надеж за Србија“, „Суверенисти“ и „Патриотски блок за обнова на Кралството Србија“. Коалицијата „Мораме“ и „Муфтиевиот аманет – Партија на правдата и помирувањето“ нема јасно изразен став за евроинтеграциите, додека „Заветници“ е единствената евроскептична опција на гласачкото ливче, оценија од БОШ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Уапсена Хрватка која се обидела да упадне во зградата на српското Претседателство

(ВИДЕО) Трагедија во Србија: најмалку осум жртви во пожар во старечки дом

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Родителите бараат итно враќање на децата на училиште, почнаа петиција

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ