Очевидци тврдат: Пронајден е предмет кој му припаѓал на исчезнатиот Хрват, се шпекулира и за патика која наводно била пронајдена во близина

Од:

Петти ден интензивно се трага по Матеј Периш од Сплит, кој со пријателите дошол во Белград да ја дочека Новата година, а исчезнал ноќта спроти новогодишната ноќ од клубот „Готик“ во Бетон сала. Откако снимките од надзорните камери предизвикаа сомнеж дека Периш плива во Сава, нуркачите денеска околу 11.30 часот пристигнаа пред салата „Бетон“ на шеталиштето со намера детално да ја пребараат областа, пишува „Нова.рс“.

Пред ресторанот „Сава Нова“ во близина на стариот Трамвајски мост, на местото каде што се сомнева дека исчезнат Хрват скокнал во вода, се наоѓаат и новинари од Слободна Далмација кои допатувале во Белград да известуваат за случајот.

Во близина на ресторанот „Сава Нова“ има скали кои водат до реката, а на една од последните снимки се гледа како човек влегува во Сава токму низ тие скали.

Просторот околу реката го обезбедуваат тројца полицајци и не дозволуваат никој да се приближи. На платото покрај реката неколку луѓе истражуваат и снимаат се. Собраните очевидци велат дека виделе како полицајци од голема саксија за цвеќе земале мал предмет за кој се верува дека му припаѓал на Матеј и го ставиле во кеса, известуваат медиумите во Србија.

Се шпекулира и за патика која наводно била пронајдена во близина, но сето ова засега е шпекулација бидејќи официјално соопштение од полицијата се уште нема.

И покрај многуте прашања упатени до српското МВР, хрватските медиуми велат дека се уште не добиле информација дали младиот човек на вчера објавените снимки е Матеј.

„Ништо не можеме да ви кажеме“, рече еден од полицајците прашан од репортерите кои се наоѓаат на местото на настанот.

Нешто пред пладне пристигна брод со четири лица. Меѓу нив е и нуркач кој се нурна во реката 5 минути пред пладне, а се наоѓа во близина на Трамвајскиот мост, пишува Јутарни лист.

„Нашол нешто“, коментираат минувачите, јавуваат новинари од Слободна Далмација кои развојот на ситуацијата го следат од терен.

Претходно беше соопштено дека потрагата се проширила и во реонот на Дунав. Имено, Сава се влева во Дунав на неколку стотини метри од местото каде последен пат бил виден Матеј Периш.

Би можело да ве интересира

Во крвта на Матеј Периш пронајдени спид и алкохол, а во примерок од косата – кокаин

А1он

ВИДЕО: Сестрата на Матеј Периш: „Белград, никогаш повеќе…“

Ненад Периш одржа трогателен говор: Благодарам Белград, си одам дома со мојот син

Предраг Петровиќ

Телото на Матеј Периш денеска ќе биде испратено за Хрватска

Катерина Ѓуровски

Телото на Матеј ќе биде изложено во црква во Белград, оттаму ќе биде испратенo во Сплит

Ана Ололовска

ДНК анализата потврди, телото пронајдено во Дунав е на Матеј Периш

Катерина Ѓуровски