Обвинителството на Босна и Херцеговина нареди Додик да биде приведен

Од:

Обвинителството на Босна и Херцеговина (БиХ) издаде наредба за приведување на претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик, премиерот на РС Радован Вишковиќ и претседателот на Народното собрание на РС, Ненад Стевандиќ, на сослушување.

Додик, Вишковиќ и Стевандиќ треба да бидат приведени од правосудната полиција со помош на која било полициска агенција, пишува Klix.ba. Обвинителството ги товари за сторено кривично дело нарушување на уставниот поредок.

Тројцата не одговориле на претходната покана на Обвинителството на БиХ за распит. Доколку не бидат приведени, ќе биде издадена внатрешна потерница според која секоја полициска агенција во БиХ може да ги приведе, вклучително и Граничната полиција.

Доколку не се приведени ниту врз основа на внатрешна потерница, тогаш се распишува потерница од Интерпол, односно меѓународна.

Минатата недела Додик потпиша одлуки за објавување закони со кои се забрануваат активностите на Судот и Обвинителството на Босна и Херцеговина, СИПА и Високиот судски и обвинителски совет на БиХ (ХЈПЦ) на територијата на РС.

Овие акти беа усвоени од Националното собрание на РС на посебна седница на 27 февруари и се во спротивност со одредбите на Уставот на БиХ, а многу аналитичари ги сметаат за државен удар. Вишковиќ е формален предлагач на спорните акти, додека Стевандиќ го водеше процесот на нивното донесување во парламентот.

Министерот за надворешни работи на БиХ, Елмедин Конаковиќ тогаш најави дека владеењето на правото ќе реагира на постапките на Додик и неговите соработници.

Би можело да ве интересира

Уставниот суд ја отфрли жалбата на Додик

А1он

Укинати американските санкции на Додик и соработниците: Му благодарам на Трамп, голема неправда е исправена

Предраг Петровиќ

Додик: Ќе се одржи референдум

Додик: Важно е Република Српска да има пристап до центрите за донесување одлуки, а тоа се Америка и Русија

Додик: САД ги брише Србите од „црната листа“

Додик: Ќе продолжам да дејствувам во согласност со мандатот што ми го довери народот