Обвинителството на БиХ повторно бара притвор за Живко Будимир

Од:

авното обвинителството на Босна и Херцеговина денеска поденсе жалба за одлуката на Судот со која е одбиено неговото барање за продолжување притвор на претседателот на Федерациајта на БиХ, Живко Будимир, против кого се води истрага за вмешаност во корупција.


Обвинителството смета дека Будимир и останатите тројца осомничени за истиот случај, кои исто така се на слобода, би можеле да ја попрелуваат истрагата, да прикриваат докази или да влијаат врз сведоците.


Во жалбата се истакнува дека Судот утврдил постоење на основан сомнеж дека кривичното дело е извршено, што според Обвинителството, е доволна причина за понатамошен притвор, посебно имајќи предвид дека истрагата за целиот случај не е завршена.


Судот во Сараево минатата недела го отфрли барањето на Обвинителството, за повторно притворање на Будимир, откако по едномесечен притвор тој беше ослободен врз основа на одлуката на Уставниот суд на БиХ.


Будимир е осомничен дека примил мито во замена за помилување на осудени затвореници. За истото дело се осомничени и неговиот советник, Петар Баришиќ, како  и уште две лица, кои се товарат дека посредувале во поврзувањето осудениците и Будимир.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина