Европската мисија во Косово ќе ја прати ослободената од должност обвинителка Марија Бамие на дисциплинска комисија поради нејзините јавно искажани сомнение за корупција во мисијата, објави приштинскиот весник „Експрес“.
– Внатрешната дисциплинска комисија на ЕУЛЕКС препорача Марија Бамие да биде испратена пред дисциплинска комисија, изјави за „Експрес“ адвокатот на Бамие, Ариани Коци, додавајќи оти препораката е дадена без никакви докази.
– Ќе има адекватен одговор на препораката, посочи Коци.
Бамие беше отстранета од должноста под сомнение дека доставила доверлива информација на косовскиот весник „Коха диторе“, кој објави серија написи за корупциски афери во ЕУЛЕКС.