Обвинение за „таткото од пеколот“: Две пријави за Урош кој ја држеше ќерка си затворена во станот

Од:

Првиот основен суд во Белград го потврди обвинението на Првото основно обвинителство поднесено против Урош Пашајлиќ за сторени кривични дела семејно насилство и злоупотреба и тортура на штета на неговата малолетна ќерка Л.П. (8) којa ja чувал заклученa во стан во Мириево.

Случајот го открила партнерката на Пашајлиќ, Ивана Л.

Според нејзините зборови, тој ја претепал на 19 март, а таа собрала сили и пет дена подоцна побегнела и го пријавила во полиција. Рекла дека не смеела да излезе од станот во Борча бидејќи се плашела од него и дека и го скршил носот.

„Ивана Л., девојката на осомничениот кој претрпе насилство, изјави дека додека била заробена – заклучена во станот, се обидела да најде некои сметки за да ја утврди точната адреса на изнајмениот стан на Урош и успеала да најде и ја пријавила таа информација во полиција, кога успеала да побегне од станот дури и кога пријавила се. А таа никогаш не отишла во тој стан бидејќи Урош рекол дека е мал, а кога го прашала за детето, тој нервозно реагирал и одговорил дека тоа не е нејзино дете и дека тој се грижи за своето дете, а за неговото дете се грижи само тој и неговата тетка“, изјави соговорник од истрагата за српски Телеграф.

„Не знаев дека детето е само во станот. Со Урош бев во врска од 2019 година, а таа година го запознав и девојчето, таа остана со мене три недели. Две години подоцна, во декември 2021 година, се всели во мојот стан. Ми кажа дека детето е кај неговата тетка, која се грижи за неа, не можев ни да замислам што се случува. Се сомневав во неговата приказна дури кога во расправија ми кажа дека ќерка му не јаде пет дена. Тогаш се посомневав дека нешто не е во ред, бидејќи тој беше со мене пет дена. Урош ми рече дека нема да ме носи во станот во Мириево бидејќи е многу мал и дека подобро е да сум во Борча“, објави Телеграф.

Откако ги нашла сметките, Ивана облеана во крв отишла во полиција, раскажала се и ги дала сметките со адресата од станот каде што било заклучено детето.

Би можело да ве интересира

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Го претепа кучето со метална шипка по глава само затоа што извршило нужда пред капијата

Предраг Петровиќ

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски