Обрадовиќ: Јас не сум лидер на протестите, тоа е заедничка борба на сите нас

Од:

Лидерот на Двери и еден од основачите на Сојузот за Србија (СзС), Бошко Обрадовиќ изјави дека е само еден од многумината на протестите „Еден од пет милиони“ кои сакаат да го сменат лошиот систем во Србија и дека никој не може да го „преземе” протестот.

-Протестот е автентичен бунт против она што им се случува на луѓето во земјата и тие расправии за преземањето на протестот, како и расправиите за говорниците, можат да и нанесат штета на целата приказна, истакна Обрадовиќ за весникот Данас.

Според него, претседателот на државата, Александар Вучиќ, по настаните од претходниот викенд, е „прилично разнишан“.

-Посебно го боли тоа што се кренаа средношколците и студентите. За нас, тој може да лаже што сака во своите медиуми, но не може така да зборува и за овие млади луѓе, и тоа го повредува, рече Обрадовиќ.

Како што оцени, ослободувањето на уапсените млади лица е обид на Вучиќ да излезе од оваа ситуација, „бидејќи сфатил дека има претерано, што е случај кај диктаторите”.

Коментирајќи го предупредувањето на Вучиќ дека нема да дозволи упад во приватната телевизија Пинк и дека не смее да се блокираат сообраќајниците, Обрадовиќ потенцира дека не смее да се отстапи од одење пред тој медиум.

-Оваа негова одбрана на ТВ Пинк е само уште една индикација дека сум бил во право кога реков дека Пинк е срцето на овој режим и дека Вучиќ побрзо ќе го даде Косово, но не и Пинк. Ова е уште повеќе говори дека не смееме да се откажеме од одењето пред оваа телевизија, нагласи Обрадовиќ.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани