Објавуваат лажни фотографии од уништени домови и бараат пари

Од:

Две жени од село Наталинци кај Топола, Србија ги преплавија социјалните мрежи со фотографии од куќи под вода и со тие слики се обидуваат да добијат пари од јавни личности.

Исто така и две млади лица од села кои што се наоѓаат во близина на Топола, собираат помош од луѓе, наводно за загрозени бебиња и од старите лица земаат по 1.000 динари.

lazniSlikiPopl

Претседателот на општина Топола, Драган Јовановиќ преку својот профил на „Фејсбук“ ги предупреди сите добронамерни луѓе да внимаваат кому му даваат пари.

-Во село Наталинци, каде што овие жени бараат помош, ниту една куќа не е под вода. Сите бунари се чисти, а веќе три пати им е дадена помош. Тие две жени објавија слика од минатиот петок и со неа преку измама се обидуваат да добијат помош, пред се од пејачи, но и од други јавни личности – вели Јовановиќ.

donacijaPoplavis-

Во апелот за помош во Наталинци, кој се појави на социјалните мрежи стои дека на некои семејства до сега никој не им помогнал.

На телефонскиот број кој е наведен се јавила жена, која признала дека надлежните од општината го исчистиле нејзиниот бунар и ја испумпале водата од подрумот.

-Донесете што можете. Ние сме петмина во куќата, ни треба вода за пиење, овие од општината ни донесоа малку. Доколку помошта ја оставите во општината, прашање е дали ќе ја добиеме- вели таа.

donacijaPoplavis-1

Додека останува отворено прашањето кој навистина е загрозен, а кој измамник Јовановиќ вели дека од понеделник на сајтот на општина Топола ќе бидат објавени списоци на сите донатори, но и на оние кои добиле помош.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Вардар во Велес излеан на кејот, во градскиот парк поплавени дрвјата покрај брегот

Предраг Петровиќ

Излеаната Маркова Река направи проблеми во Студеничани, Батинци, Пинтија, Горно и Долно Лисиче

Горан Наумовски

Стотици илјади луѓе во Австралија се без струја поради тропската бура „Алфред“

(ВИДЕО) Мајки со бебиња бегаат од поплавената болница во Аргентина, 10 загинати во поплави

(ВИДЕО) Поплави го погодија југоисточниот дел на САД, загинаа најмалку девет лица