Објавена фотографија од убиецот од Цетиње, пукал и во членови на неговото семејство

Од:

Осомничен за денешното повеќекратно убиство во Цетиње е Ацо Мартиновиќ (45) од тој град, кој се уште е во бегство.

Како што објави порталот на Радиотелевизија на Црна Гора, тој убил најмалку седум лица, од кои две деца. Неколку лица се ранети.

Според информациите на порталот cdm.me, Мартиновиќ по расправија во кафуле во Цетиње убил неколку лица и побегнал со темносина караван Фиат.

Полицијата апелира до граѓаните на Цетиње да останат смирени и да останат во своите домови, додека сите расположливи полициски единици се на терен и преземаат мерки од нивна надлежност за ставање на ситуацијата под контрола и изведување на сторителот пред лицето на правдата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски